Деветмина Македонци се искачија на врвот на Килиманџаро
Eкспедиција составена од девет Македонци, пет планинари од Албанија и по еден од Србија и од Австрија, на 20-ти овој месец го освои највисокиот врв во Африка – Ухуру (5895 метри) на планината Килиманџаро во Танзанија, пренесе МИА.
Експедицијата беше успешно предводена од Живко Темелкоски, а трите највисоки точки на вулканскиот кратер ги искачија Иван Трпков и Виктор Калаузи од планинарско спортскиот клуб „Димитар Илиевски Мурато“ од Битола, Илија Белевски, Игор Стојковиќ, Димитар Малиновски и Александар Николовски од ПСК „Макпетрол“ од Скопје, Катица Борисовска од ПСК „Руен“ од Крива Паланка и Искра Лазарова од ПСК „Бистра“ од Скопје.
Освојувањето на Ухуру траело пет дена, четири во искачување и дел од четвртиот ден и петтиот ден во спуштање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа