ВИДЕО: Познат идентитетот на пешакот кој вчера загина во сообраќајка во Скопје

 

Седумдесет и едногодишен жител на Скопје е пешакот што вчера загина во центарот на Скопје откако во него удри камион, соопшти МВР.

Сообраќајката се случи вчера попладне во 15.25 часот, на крстосницата на бул. „Кочо Рацин“ и ул. „11 Октомври“.

„Камион ТАМ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.М. (44), удрил во пешакот П.Т. (71) од Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентниот центар“, се вели во соопштението на МВР.

 

П.Т. по околу два часа им подлегнал на повредите.

 
 
26.01.2016 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега