ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски чекори по стапките на Црвенковски - нема да сработи ништо како градоначалник на Центар

 

ВМРО-ДПМНЕ инсистира, Жерновски да направи контрола на сите постапки и процедури поврзани со спроведување на проектот Скопје 2014. Ние апелираме контролата да ја направи што е можно побрзо и да ги објави резултатите, исто така што е можно побрзо. Само на тој начин неговата најава за контрола ќе има реално значење, а нема да биде само обид за сопствена реклама и промоција. Ние го охрабруваме оваа работа да ја заврши брзо, иако знаеме дека ниту неговата намера е искрена, ниту пак знае да сработи било што. Ако заборави да излезе да ги каже резултатите во јавноста кога ќе види дека сите процедури и постапки се законски, ВМРО-ДПМНЕ упорно ќе го потсетува на тоа.

          Жалиме што Андреј Жерновски од првиот ден започна со мораториуми и блокади. Тој така и ќе заврши. По утрото и денот се познава. Мандатот го почнува со желба да запре, на тоа што веќе се гради и работи.

          Андреј Жерновски очигледно сака да биде мал Бранко Црвенковски и уште првиот ден почна да чекори по неговите стапки. Да потсетиме, Бранко Црвенковски ништо не работеше и ништо не сработи додека беше премиер. Тој само запираше, блокираше и контрираше во сите свои мандати. За жал така почнува и Жерновски.

          Би сакале да потенцираме дека за сите објекти кои што се во тек на изградба, постојат законски договори со прецизно утврдени рокови за изградба. За сите попречувања и оддолжувања, правните субјекти ќе имаат можност со тужби и пенали да се заштитат од незаконските постапки на Жерновски. Во тој случај штетата ќе треба да ја плати Буџетот на Општина Центар, а не Андреј Жерновски лично. Ние внимателно ќе ги следиме сите постапки и ќе се спротиставиме на сите одлуки, кои ќе нанесат штета на Буџетот на Општина Центар, односно на граѓаните на Општина Центар.

 

Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

          

најчитано сега