Прилеп: Ја претепале и измачувале за 500 денари

 

Во 16 часот во текот на вчерашниот ден во Прилеп, 66-годишната прилепчанка Ц.Т. пријавила во полиција дека еден час претходно четворица насилници ја нападнале и и приредиле хорор за 500 денари. Според податоците од полицијата, тие ја извадиле заштитната метална мрежа, го скршиле стаклото од прозорецот, влегле во собата каде таа спиела, и и се заканиле со нож да им даде пари. Насилниците ја удирале жената со тупаници заканувајќи и се дека ќе ја заколат. Таа им дала мобилен телефон и 500 денари, а потоа тие преку скршениот прозорец заминале во непознат правец.

Полицијата работи на случајот.

 

 
 
21.01.2016 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега