Трагедија ја потресе Македонија: Почина навивачката легенда на Вардар
Сашо Микиќ, еден од најстарите членовите на навивачката група Комити уште од нејзиното формирање, ја загуби најважната битка во својот живот. Како што пишува Спортмедиа, тој на 48-годишна возраст почина по тешкото боледување од рак на мозокот.
Штракало како што го нарекуваа и познаваа, сепак не успеа да излезе како победник од оваа тешка борба, а колкава беше неговата приврзаност кон црвено-црните бои покажува фотографијата од болничкиот кревет, каде може да се забележи дека и таму носи комитска облека.
20.01.2016 - 08:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа