Кире пред мечот со Франција: Се сретнав со браќата Карабатиќ и Абало

 

Капитенот Кирил Лазаров максимално мотивиран го чека дуелот против најмоќната ракометна сила на светот и актуелниот европски, светски и олимписки шампион, Франција. Лазаров открива дека веќе се сретнал со браќата Карабатиќ и Абало.

„Имав можност да се сретнам со Никола и Лука Карабатиќ и немаше провокации. Сите сме фокусирани на својот дел од задачата. Тие имаат високи амбиции, и често не почнуваат со цел потенцијал. Ние знаеме дека првиот натпревар е секогаш тежок за нас. Гледавме видео натпревари од француската селекција неодамна. Тие сега се обидуваат да сменат дел од селекцијата поради проблеми со повредени ракометари, но Франција секогаш е фаворит број еден. Загубија од Катар, но пријателските натпревари се пријателски, а пристапот во официјалните мечеви е нешто сосема друго”, рече капитенот Лазаров.

Мечот Франција – Македонија почнува утре од 18:00 часот, а голем дел од нашите навивачи ќе пристигнат во текот на утрешниот ден. Има голем дел кои се и без купен билет.

lazarovkiril7.com

 
 
14.01.2016 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега