Груевски: Македонија мора да оди напред и ние заедно со народот ќе се избориме за тоа

Премиерот Никола Груевски во своето обраќање до јавноста потенцира дека Македонија мора да оди напред.

Договорот исто така опфаќа и времено повлекување на премиерот на 100 дена пред изборите. Навршуваат 100-те дена пред 24ти април, денот за кој е договорено да се одржат избори и тоа е влезено во закон. Јас стојам и зад тој дел од договорот. Сакам конечно да се остави сета неизвесност, проблеми, конфликтност зад нас и сакам нашата држава да оди напред и да продолжи силно да се развива.Утре изутрина до Претседателот на Собранието на Република Македонија ќе го испратам моето писмо со оставка на функцијата Претседател на Владата, која ќе биде ефективна на 100 дена пред официјалниот датум на избори, рече премиерот.

Груевски образложи што значи ова за нашата држава.

-Прво, оваа оставка ја покажува силата на нашето убедување и верба во демократијата. Најдобрата победа над оваа валкана кампања против Македонија водена преку најразлични методи изминатава година и пол се чисти избори кои нема да дадат никаков изговор никому. Такви беа изборите со кои освоивме огромна победа, огромна ќе биде победата заедно со вас и на следните избори, но овојпат одиме со вакви потези и чекор понатаму убедени дека ова што го правиме е за доброто на државата и на народот.Македонија мора да оди напред и ние заедно со народот ќе се избориме за тоа, заклучи тој.

 
 
14.01.2016 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега