Нови детали за сообраќајката на патот Штип- Кочани
Едно лице е повредено во тешка сообраќајна несреќа што вечерва околу 20:30 часот се случила на магистралниот пат Кочани - Штип, кај кочанското село Тркање.
- Сообраќајна несреќа се случила помеѓу тешко товарно возило и автомобил марка Хјундаи, информираше портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова. Во тек е увидот од страна истражните органи и, како што посочи Панајотова, се уште не може да се каже каков е карактерот на повредите на возачот на автомобилот Хјундаи, кој веќе е хоспитализиран.
Магистралниот пат е затворен во двете насоки, а сообраќајот се пренасочува по локалните патишта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа