Познат скопски бизнисмен се вплеткал во мрежата - еве какви приказни продавала Генерал Мими

 

Познат скопски бизнисмен, човек кој се занимава и со политика а сопственик е и на една образовна установа се вплеткал во мрежата на Генерал Мими, жената која се претставувала ако шефица на базата на Нато во Косово, Бондстил. Откако Press24 ја објави веста за жената која измамила многу граѓани, читатели на кои Мими се обидела да им ја продаде приказната почнаа да ни раскажуваат детали.
„Приказната беше дека во Македонија треба да дојдат високи офицери на НАТО од Косово и дека ќе се преместат со цели семејства да живеат во Скопје како и дека нивните деца треба да се запишат тука на факултет. Ни рече дека ние ќе треба да ги возиме низ цело Скопје и низ цела Македонија, секаде каде што ќе има потреба. Исто така ни рече дека ќе треба да им набавуваме храна и се што им е потребно од Македонија. Ни рече да изнајмиме возила од една скопска фирма на наше име и ни вети плата од 1800 евра. На сите кои ги зедовме колите ни рече да одиме во бутик и добро да се облечеме“ - вели наш читател.

Според информациите, таа дури отишла и кај еден сопственик на факултет за да му ја продаде истата приказна и да ги запише децата на високите официри на НАТО. Нашиот читател нема информации, колку пари побарала од него за овој „бизнис“ и дали и ги исплатил.

Колку случаи се документирани и колку пари преку измами присвоила Генерал Мими, полицијата најави детали за утре.

најчитано сега