Драма во Жировница: Ја претепал сопругата - полицајци го ваделе од соба

Педесет и едногодишната З.А. од долнореканското село Жировница, вчера попладне пријавила семејно насилство од нејзиниот 53-годишен сопруг А.А, кој подолго време психички и физички ја малтретирал.

Дента тој повеќе пати ја удрил со тупаници и клоци по главата и телото. Се вмешала неговата мајка и го спречила натамошно малтретирање на З.А, додека А.А. влегол во една од собите и се заклучил.

Повредената сопруга се обратила за лекарска помош и побарала кривичен прогон за А.А, кој набрзо е приведен, задржан и подоцна пуштен.

По целосното расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

 
 
29.12.2015 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега