Несреќа во велешко: Воз удри во карпа

Утрово околу 6 часот на потегот на железничката линија село Согле-село Теово, во велешко, се случи железничка несреќа при што воз удри во карпа.
 Првично пријавено е дека повредени во несреќата нема. Причинета е материјална штета и на возот и на пругата.
Железничкиот сообраќај беше во прекин четири часа и воспоставен е од 10 часот и 15 минути. На местото на несреќата се врши увид.
 
 
29.12.2015 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега