Страотна сообраќајка: Битолчани итно пренесени во болница

Двајца битолчани се повредени синоќа во сообраќајка кај Кавадарци, кога автомобилот со кој се движеле, излетал од коловозот и удри во бетонска шахта.

Како што информираше денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, сообраќајната несреќа се случила синоќа во околу 21 часот  на регионалниот пат Мотел Дреново – Кавадарци, кај крстосницата за село Ресава.

- Патнички автомобил марка „БМВ“ со скопски регистерски ознаки управуван од Е.А. (1987) од Битола,  излетал од коловозот  и удрил во бетонска шахта. Во несреќата со повреди се здобиле возачот на автомобилот и сопатникот И.П. (1983) од  Битола , кои се пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци, соопшти Стојковска.

По укажаната лекарска помош, битолчаните се  пуштени  на домашно лекување.  

- По овластување на јавен обвинител увид на лице место изврши увидна екипа од Полициска станица Кавадарци, додаде Стојковска.

Сообраќајот на овој патен правец беше целосно во прекин во времето од 21 до 23 часот.

 
 
29.12.2015 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега