Високи температури за овој период - погледнете какво време не очекува утре

 

На повисоките места и во југоисточните делови времето утре ќе биде сончево и релативно топло, по котлините магливо и постудено. Во пладневните часови маглата ќе биде послаба.

Температурата ќе се движи од три до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со појава на магла.

И понатаму ќе се задржи стабилно и суво време, со појава на магла по котлините, особено утре и во деновите од викендот. Во четврток кон крајот на денот и во петок ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе ги намали условите за појава на магла. Дневните температури во југоисточните делови и на повисоките места ќе бидат релативно високи за овој период од годината.

 
 
22.12.2015 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега