Нова соларна електрана во Кавадарци: Доволно струја за 3.400 домаќинства

 


Групацијата ГЕН-И ја пушти во употреба својата втора голема соларна електрана во земјава, изградена во близина на Кавадарци. На претходно деградирано земјиште од 70.000 квадратни метри, инсталирани се 17.612 фотоволтаични модули, што зафаќаат вкупна површина од 60.000 квадратни метри. Нивната максимална вкупна моќност во зависност од временските услови изнесува 12 мегавати. 

-Во зависност од бројот на сончеви часови, овие модули можат годишно да произведат до 15.500 мегават часови енергија без јаглеродни емисии. Со оглед на просечната потрошувачка на едно домаќинство, оваа количина енергија ги задоволува потребите на околу 3.400 домаќинства. Ова значи заштеда од 7.574 тони јаглероден диоксид годишно, велат оде Групацијата ГЕН-И.

Словенечката групација, која како меѓународен трговец со електрична енергија работи на 24 пазари, ги проширува своите активности и во областа на обновливите извори на енергија. Во Словенија веќе имаат изградено повеќе од 10.000 мали соларни електрани, а со проектот во Кавадарци ја пуштија во употреба својата втора голема соларна електрана во странство. Првата голема електрана ја изградија во октомври 2022 година во Амзабегово, општина Свети Николе, со вкупна моќност од 17 мегавати и производство од 25.000 мегават часови зелена енергија.

07.10.2024 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега