Мини лето па дожд и ниски температури - какво време ни носи октомври
Неделата што е пред нас на момент ќе ни ги врати летните температури за вистинската есен да дојде пред крајот на октомври кога и ќе се спуштат температурите.
До крајот на оваа недела ќе имаме облачно време што ќе донесе прилично високи дневни температури кои ќе одат и над 28 степени.
Утрата ќе бидат свежи со температури над 10 степени, а во некои од деновите ќе има и услови за дожд.
Неделата која следи по оваа ќе донесе благо намалување на температурите. Со почетокот на втората половина на октомври облачноста ќе се зголемува а сонцето ќе го гледаме се поретко. Температурите во такви услови ќе останат релативно високи и дневните ќе надминуваат 20 степени а утринските ќе паѓаат и под 10 но мраз нема да има. Кон крајот на оваа недела се очекуваат и врнежи од дожд.
Претпоследната недела од октомври се очекува да донесе поголеми количини на дожд. Сонце речи си и нема да видиме што ќе ги спушти максималните дневни температури под 15 степени а утринските нема да одат над 5 степени иако температури под нула се уште не се очекуваат.
Последната недела од октомври се најавува дека ќе донесе разведрување што дополнително ќе ги спушти температурите. Утринските веќе ќе бидат околу нулата со услови за првите мразови на одредени места. Дневните температури ќе одат нешто над 10 степени со облачно време со повремени сончеви периоди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа