„Почеток на крајот“ на европскиот фронт на ДУИ
Парламентарната група е функционална и работи во полн состав – Европски фронт не потврдува дали Мендух Тачи ја напуштил или планира да ја напушти коалицијата предводена од ДУИ. Демократската партија на Албанците по се изгледа го става на тест опстанокот на Европскиот фронт, но оттаму негираат за евентуално намалување на бројот на пратеници во нивната пратеничка група.
Нашата парламентарна група е стабилна, работи во полн состав. Јас тоа можам да го кажам од аспект на пратеник во Собранието. Секако, сите прашања поврзани со Тачи, треба да му ги поставите нему, рече Рина Ајдари од Европски фронт.
Eвентуалното раситнување на Европскиот фронт не го изненадува Меџити. Според вицепремиерот, партиите во опозициската коалиција не ги спојувала идеологијата туку желбата за власт, па сега кога отидоа во опозиција, нормално било да има коалициска дестабилизација. Напуштањето на Мендух Тачи, вели Меџиити, единствено значи, почеток на нивниот крај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа