Ни дојде зимата: Подгответе се за првиот снег

 

Зимата во Македонија и на северната полутопка на Земјата почна денеска во 05 часот 47 и 09 секунди. Во истовреме на јужната Земјина хемисфера почна летото. 

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје изгреа во 06 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денот ќе трае 09 часа и 07 минути.

Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат претежно сончево и потопло време со температура до 17 степени.

Според светските метеоролошки агенции се очекува оваа зима на Балканот и во Македонија да биде потопла од вообичаеното, со умерени врнежи кои ќе бидат помалку од снег, а повеќе од дожд.

Вистински снег во Македонија треба да се очекува кон средината на јануари и во февруари. Сепак, снежните врнежи нема да бидат обилни, а снежната покривка ќе биде краткотрајна, посебно во пониските предели. Во февруари и март можни се појави на силно невреме поради нагли промени на воздушната циркулација.

Зимата ќе трае 88 дена и ќе заврши на 20 март 2016 во 05 часот и 31 минута кога ќе настапи пролетта.

 

 

 
 
22.12.2015 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега