„Edu Day“ за користењето на технологијата во образованието

 

Во Скопје денеска ќе се одржи „Edu Day“ што го организира „Мајкрософт Македонија“ на кој ќе бидат презентирани добрите практики при користење на алатките на Мајкрософт и ќе бидат споделени искуства од користењето на технологијата која овозможува интересно и забавно учење. 

На настанот ќе се обратат министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска - Томовска, директорот на „Мајкрософт Македонија“, Стефан Плавјански, раководителката на Одеделението за развој и промоција на информатичкото општество, Розалинда Стојова и програмскиот менаџер за образование на „Мајкрософт“ Влора Адеми. 

Во рамки на настанот ќе им бидат врачени и наградите на наставниците од основните и средните училишта кои учествуваа во натпреварот што го организираше Мајкрософт. 

 
 
22.12.2015 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега