Трибина на УМС во Битола: Тука сме да ги слушнеме идеите на младите

 

УМС на ВМРО-ДПМНЕ својата агенда за собирање на идеи во рамки на кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“ вчера ја продолжи во Битола.

До сега на самите трибини се дадени многу идеи поврзани со младите.

-Овие трибини ги започнавме поради фактот што има многу млади кои се заинтересирани да кажат своја идеја. Токму затоа денеска сме тука за да ги слушнеме идеите на младите битолчани, поврзани со образование, спорт, инфраструктура, вработување, со цел ние како подмладоок на ВМРО-ДПМНЕ да ги доставиме сите идеи на нашата партија и се надевам дека голем дел од идеите ќе се најдат во изборната програма, подвлече претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

TRIBINA-UMS-BITOLA.jpg1

Позитивно е што од почетокот на оваа кампања, односно пред две недели, кога ВМРО-ДПМНЕ одржа трибина токму во Битола, до сега партијата промовираше 3 мерки поврзани со младите. –Во тие мерки се опфатени три категории на млади. Прва категорија се средношколците со мерката за средношколска среда, потоа студентите со бесплатниот превоз и третата а тоа се младите вработени кои преку проектот „Купи Куќа за млади до 35 години“ имаат можност да дојдат до свој сопствен дом, додаде Нелоски.

TRIBINA-UMS-BITOLA.jpg2

Нелоски истакна дека очекува и во Битола да има добра дискусија на која ќе се соберат и ќе се слушнам многу идеи од младите.

 
 
21.12.2015 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега