Чавков: Од март зголемување на платите на овластените службени лица и полициски службеници во МВР

 

Заменикот министер за внатрешни работи Митко Чавков денес истакна дека овластените службени лица и униформираните полициски службеници мартовската плата ќе ја примат повисока за пет проценти како резултат на изедначувањето на платите во МВР со сличните служби договорено минатата година, пишува Курир.

-Согласно предвидената диманика, второто усогласување на платите е предвидено да се направи на платата за март 2016. Со платата за март сите овластени службени лица и сите полициски службеници во МВР ќе добијат плати кои ќе бидат повисоки за 5% во однос на нивната февруарска плата. Усогласувањето според стратегијата и програмата на Владата од 2014/2018 година ќе продолжи до крајот на 2017 година кога основната плата на лицата со посебни должности и овластувања во МВР ќе се изедначи со основната плата на лицата со посебни должности и овластувања со  Царинската управа, Управа за финансиско разузнавање, Финансиска полиција и тоа е крајната цел, потенцираше Чавков.

Тој посочи дека на овој начин се исправува децениската неправда, а се исполнува и ветеното.

-Ефектите од оваа мерка што е дел од програмата за работа на Владата веќе ја почувствуваа над 10.000 вработени, како и нивните семејства. Оваа мерка по нејзината целосна реализација треба да резултира со зголемување  на околу 20 проценти на основната плата на овластените полициски службеници и службени лица до крајот на 2017 година, нагласи Чавков.

Ваквата одлука беше донесена по долгите преговори со Македонскиот полициски синдидат (МПС) и конструктивната дебата.

– Докажуваме дека кога се има искрена волја и чесна намера преку конструктивна дебата со Македонскиот полициски синдикат како репрезентативен синдикат може да се дојде до позитивни решенија, заклучи дополнителниот заменик министер за внатрешни работи.

 
 
21.12.2015 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега