Владата вложи огромни суми во здравството: Над 7 милиони упати годинава со Мој Термин

 

Владата на Република Македонија изминативе години вложи огромни суми во здравството.

Освен за опрема во болниците ширум Македонија, се вложува и во кадар, а значајни се и голем број на проекти и реформи.

Една од нив воведувањето на Национален систем за електронски евиденции во здравството, МОЈ ТЕРМИН чија важност ја потенцира министерот за здравство Никола Тодоров на денешната Собраниска седница.

-МојТермин претставува најголем централизиран и целосен online систем во државава и регионот. Системот содржи вкупно 1.645.378 електронски здравствени досиеја, а само од почетокот на 2015 година се креирани вкупно 7.030.030 упати, а се креирани 22.388.051 рецепти, истакна Тодоров.

 
 
21.12.2015 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега