Излетал со своето БМВ: Кавадарчанка тешко повредена

На автопатот Скопје-Тетово вчера во 16 часот се случила сообраќајна незгода во која 27-годишниот Б.И. од село Калиште, гостиварско, управувајќи автомобил „БМВ“ со италијански национални ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата со фрактура на кичма се здобила сопатничката, 57-годишната У.И. која била пренесена во КБ-Тетово од каде по укажана лекарска помош, поради сериозноста на повредите била префрлена во Ургентниот центар-Скопје. Увид извршила екипа од полицијата.

 
 
21.12.2015 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега