Запленети идентични машини како од пасошката афера на Фокус

Идентични машини кои што можеа да се видат на снимките објавени од Фокус пред една година кога беше објавена наводната афера за фалсификуваните пасоши заплени полицијата во акцијата за разбивање нна фалсификаторската група

Како што дознава Press24 извори во истрагата изгледот е идентичен со оние кои Фокус ги објави сакајќи да конструира сторија во која како одговорна за незаконско печатење на документи ќе ја обвини власта

Освен тоа, запленети се три секачи, една преса, апарат за обработка на пластика, различни видови на хартија, налепници и печати од повеќе правни лица

Одземени се и компјутери и голем број на надворешни хард дискови, а во еден од компјутерите се пронајдени 520 подготовки во Корел за лични карти кои требале да бидат фалсификувани

Одземени се и повеќе ласерски принтери и листови од разни банкарски сфивтови кои требале да бидат употребени за фалсификување и фабрикување афери

Тоа што ги зачудило и органите на прогонот е фактот дека кај еден од осомничените биле пронајдени и 78 заштитни елеци, односно панцири.

 За која намена им биле панцирите и дали претходно некаде ги употребиле дополнително ќе утврдува истрагата

 
 
21.12.2015 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега