Утре почнува зимата: Кога ќе му се радуваме на првиот снег?

 

Зимата во Македонија и на северната полутопка на Земјата почнува утре во 05 часот 47 и 09 секунди. Во истовреме на јужната Земјина хемисфера ќе почне летото. 

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје утре ќе изгрее во 06 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денот ќе трае 09 часа и 07 минути.

Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат претежно сончево и потопло време со температура до 17 степени.

Во Македонија, првиот зимски ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (22.12-23.12), ќе биде најдолга за 2015 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути. Веќе од средата (23.12), денот ќе почне да се зголемува за 2-3 минути дневно, се до 22 јуни 2016 година, кога ќе биде најдолг.
Зимата на северната полутопка е најкратко годишно време и трае околу 88 дена, 2-3 дена пократко од другите годишни времиња.

Според светските метеоролошки агенции се очекува оваа зима на Балканот и во Македонија да биде потопла од вообичаеното, со умерени врнежи кои ќе бидат помалку од снег, а повеќе од дожд.

Вистински снег во Македонија треба да се очекува кон средината на јануари и во февруари. Сепак, снежните врнежи нема да бидат обилни, а снежната покривка ќе биде краткотрајна, посебно во пониските предели. Во февруари и март можни се појави на силно невреме поради нагли промени на воздушната циркулација.

 

Зимата ќе заврши на 20 март 2016 година.

 
 
21.12.2015 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега