„Ало докторе“: Ова се најчестите маки на Македонците периодов

 

На телефонската линија за медицински  совет „Ало докторе“ (02/15 123) во изминатата недела се регистрирани 1.106 јавувања. Од отворањето на линијата во септември годинава медицински совет побарале 67.407 лица, соопшти денеска Здравствен дом Скопје.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето. За медициснки совет се достапни 25 доктори. Повиците  се  од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто   за  респираторни симптоми, покачена телесна температура, сезонски вируси, настинки   и кашлици   карактеристични за овој период  од годината.

Според Здравствен дом Скопје, на сите лица кои  побарале  медицински совет   на  „Ало докторе“ им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија.

 
 
21.12.2015 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега