Пратеничката Рангелова со порака до Ван Хауте: Ова е Македонија и тоа многу поевропска од ликови како Питер

Пратеничката Даниела Рангелова преку својот Фејсбук профил испрати порака до европјанинот и белгиски олеснувач Питер ван Хауте, по неговото недостоинствено однесување и став дека Македонците се граѓани од втор ред и не се Европјани.

-Сега го читам Хојт, вика ги разбирам фрустрациите на ВМРО-ДПМНЕ ама ние се договоривме да имплементираме европски страндарди. Епа кои се тие европски стандарди кои ги нема ниту во еден европски закон? Нека одговори јавно. Еве 22 европски закони, нека одберат кој сакаат ние ќе прифатиме, напиша Рангелова.

Пратеничката додава дека ВМРО-ДПМНЕ нема фрустрации, само се чуди на европските стандарди и речникот на Питер, кој не е европски.

-Ова е Македонија и тоа многу поевропска од многу ликови како Питер, порачува Рангелова.   

 
 
01.12.2015 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега