Конкурс за стипендии за млади истражувачи за студиски престој во Велика Британија

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување шест стипендии за млади истражувачи од Република Македонија, за кратки студиски престои (од еден до три месеци) на соодветни високообразовни и научно-истражувачки институции во Велика Британија, за 2016 година.

Трошоците за сместување и исхрана ги обезбедува Британскиот фонд за стипендии, во износ од 915 фунти месечно за престој во Лондон, односно 800 фунти месечно за престој во другите градови.

Информации за условите, критериумите, потребните документи и обрасци за аплицирање, може да се најдат на интернет-страницата за стипендии на МОН www.stipendii.gov.mk и на интернет-страницата на Британскиот фонд за стипендии www.britishscholarshiptrust.org.

Апликациите се поднесуваат до Министерството за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.54, 1000 Скопје, Сектор за наука и технолошки развој, а крајниот рок за аплицирање е 31 март 2016 година.

 
 
01.12.2015 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега