Договор за реализација на инвестицијата на Монтанте груп во Бунарџик вредна 10 милиони евра

Во Владата на Република Македонија денеска ќе биде потпишан договор со италијанската Монтанте груп за реализација на инвестицијата од 10 милиони евра во технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 - Бунарџик.

Пред потпишувањето на договорот претставници на Монтанте груп ќе имаат средба со премиерот Никола Груевски.

Италијанската компанија Монтанте груп кон крајот на јули минатата година најави дека  ќе инвестира 10 милиони евра во Македонија и за почеток ќе вработи 100 луѓе. Фабриката во ТИРЗ Скопје 1 ќе произведува амортизери за возови и шински возила, а се планира годишно да извезува стоки во вредност од 30 милиони евра.

Монтанте груп е мултинационална италијанска компанија со 2.300 вработени и годишен обрт од 800 милиони евра.

 
 
01.12.2015 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега