Тетово се гуши: Ова се најзагадените места утрово

Тетово утрово е најзагаден град во Македонија. Мерните станици во осум часот регистрираа концетрација на ПМ10 честички од 262 микгрограми на метар кубен. Во текот на ноќта во овој град максималната концентрација изнесувала 546 микрограми, во 20 часот.

Во скопскиот регион најзагадено е во Лисиче со 145 микгрограми на метар кубен, потоа Центар со 121, Карпош со 112, Гази Баба со 108, кај Ректорат со 81, и Миладиновци 63.

Во Битола утрово во осум часот се измерени 161 микрограми, во Велес 73 и во Кичево 51 микрограми на метар кубен.

 
 
01.12.2015 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега