Граѓаните гневни: Заев манипулираа со случувањата во Куманово

СДСМ на чело со Зоран Заев манипулираа со случувањата во Куманово. Тој и сам признаа дека не ја говореа вистината по акцијата на МВР во Диво Насеље. Тогаш тврдеа дека акцијата ја наместиле македонските власти иако во истата трагично загинаа 8 припадници на македонските безбедносни сили, пишува Курир.

Неколку месеци подоцна, Заев на настан во Љубљана говори за случувањата во Куманово од 9 и 10 мај, во кои животот го загубија осум припадници на безбедносните сили и 10 терористи. Заев овие трагични настани ги споредува со терористичките напади во Париз.

-Случувањата во Куманово се исто така терористички акт како што го видовме во Париз. Еден од тие луѓе кои влегоа во центарот на Куманово, се повратници од Сирија, тие се бореле таму, исто како што се бореле луѓето што направиле терористичките напади во Париз или што ја поставија бомбата во рускиот авион, рече тој.

Граѓаните се зачудени, но и гневни поради ваквото лицемерно однесување на Заев

-Мое мислење е дека Заев нема свој став и не знае на која страна да застане. Дали да застане од страната на Република Македонија или да застане од страната на Европа. Бидејќи Европа го поддржува во некои активности што сака да ја донесе Македонија во пропаст и на некој начин поделба на Македонија. Мое мислење е дека Зоран Заев е кукавица и со тоа ја уништува Република Македонија. Тој не прави ништо добро за нашата земја.

-Јас на тој господин З.З. гледам дека тој нема ни лице, ни образ, ни ништо! Нема ни чувство. Како може Владата да го направи ова против својот народ? Овде во оваа држава да збори едно, оди во Словенија збори друго, дека биле тие терористи. Јас ова не можам да го сфатам. И тој утре ќе ни биде нас премиер?  Овој народ македонски нека се освести, кој други се уплеткани во ситуацијава со Заев- Героски, Фрчко и други.

- Тој е политичар каков што никаде во светот не постои. Еднаш зборува едно, друг пат зборува друго. Според мене тоа што го кажа е потврда на тоа што не е конзистентен во своите ставови и изјави. Штета што поради ова што и го прави на Македонија не е санкциониран.

-Секој политичар треба да си има свој цврст став. Ако тоа во Диво Насеље беше превенција некоја на терористички напад, тоа е супер, а ако веќе е тероризам во Франција, тогаш е добро што ние сме го спречиле. Викаат дека Белгија и Франција се најдобри за превенција на терористички напади. Заев треба да има свој став. Не може контрадикторни да бидеме. Сега вака размислуваме, а по 15 минути да го смениме ставот.

Додека цела Македонија тагуваше Заев отиде во Куманово и се сликаше селфи.

По контрадикторните изјави на Заев за случувањата во Диво Насеље, граѓаните повторно го искажуваат гневот од однесувањето на опозицискиот лидер неколку дена по трагичниот ден. Му замеруваат на тогашните изјави и ги спомнуваат неговите пораки од таму, каде насмеан се фотографираше на местото каде гинеа македонски бранители.

-Тој отиде таму да се промовира како нов премиер и сакаше да собере гласови од албанскиот електорат, но со тоа си направи самиот на себе повратен удар. Ако потоа стане Заев премиер, ќе дојде до децентрализација и поделба на Македонија.

-Го гледав тоа на телевизија, што ли да кажам? Ако ја немате поддршката од народот, а СДСМ 10 години нема поддршка од народот во Македонија, бара помош од надвор, големиот брат кој ќе го заштити и ќе му даде некаква сигурност. За жал, тоа што го направи во Куманово, е слика и прилика на лицето на СДСМ. Тоа е навреда за македонскиот народ.

-Толку променливо мислење не смее да има никој политичар, а не па лидер на најголема опозициска партија. Неговото мислење дека тоа било наместено беше многу глупаво. Во самата полиција имаше жртви.

-Ете сега имаме министер за внатрешни нивни. Нека го разреши овој случај. Видовме и пред Владата кој се сликаше со албанско знаме и со карта од Голема Албанија.

АНАЛИТИЧАРИ: Не е прв пат Заев да лиже кај што плукнал

 Аналитичарите сметаат дека ваквата дволичност на лидерот на СДСМ е само доказ колку далеку им допира идејата да се разнебити државата ако тие не се на власт, но и потврда дека не е прв пат Заев, како што велат „да лиже таму каде плукнал“.

-Се работи за дволичност во односот кој јавноста. Тоа каква партиска политика спроведува е работа која на изборите ќе се види, но зошто за такво круцијално прашање, како настаните во Диво Насеље каде се боревме со терористичка група, беше загрозена безбедноста на Македонија, да се однесуваме дволично. Зарем беше толку страшно за министер од ВМРО-ДПМНЕ за внатрешни работи да се каже тие луѓе ја бранеа татковината, а не да се подметнуваат приказни дека владата правела договор со терористи за да се отргне вниманието на луѓето. Тука само се гледа колку далеку им допира идејата да се разнебити државата ако тие не се на власт. Тоа е основниот показател. Тој со кого Заев се сликаше треба да се знае дека е лице кое полицијата со досие го има како дилер на дрога и уживател на дрога.Навистина целта беше додворување на Албанците, на меѓународната заедница и понижување на сопствената држава и влада за да се продлабочи целата политичка криза и да се дојде на власт, вели универзитетскиот професор Оливер Андонов.

-Не е прв пат Зоран Заев да лиже таму каде плукнал. Во таа терористичка акција во Диво Насеље загинаа осум припадници на македонските безбедносни сили. Кога крвареше македонската држава и кога бевме изложени на опасност од терористичка банда која планирала акции во болници, училишта во трговски центри, од СДСМ и Заев бевме изложени дека истата таа група била синхронизирана со владата. Човек можеби и може да разбере од локален политичар кога си игра со некои локални прашања, но кога се работи за национални прашања и прашања на државата, срам треба да му биде и треба да се извини и кон припадниците на МВР и луѓето кои тогаш ги прозиваше. Преку ова и Албанците треба да видат за каков дволичен човек се работи. Истиот Заев кој на нив им нуди премиерско место, кој им нуди двојазичност, кој нуди федерализација и истиот Заев кога излегол надвор од границите на Македонија тие Албанци ги нарекува терористи, вели аналитичарот Александар Пандов.

Тие додаваат дека Заев е човек кој води само дневна политика, дотолку повеќе што ако тој процени дека денес тоа што ќе го изјави ќе му донесе некој политички поен, тоа без да размисли ќе го стори, иако е свесен дека лаже. 

 
 
30.11.2015 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега