Сарачини: Не е укинато ограничувањето за увоз на српска пченица
Денеска министерот за економија на Македонија изјави дека ограничувањето за увоз на српска пченица не е укинато. Сарачини најави дека сеуште нема конечен став и дека тоа ќе се случи на 22 јули на средбата на ЦЕФТА.
-Македонија не прифати целосно да ја повлече одлуката, преговараме за да најдеме начин како тоа долгорочно да го решиме и да немаме вакви проблеми во иднина. Вчера имаше средба меѓу владини претставници од Македонија и од Србија, ситуацијата е смирена и веќе се договоривме на неделна основа да имаме состаноци со претставници од српската Влада, изјави Сарачини во одговор на прашање по средбата со претседтелот на ЗЕЛС Коце Трајановски.
На средбата ќе се обидат да се најде заеднички јазик за да се реши овој проблем долгорочно и во иднина да нема проблематични ситуации, прецизира Сарачини.
ФОТО: Влада