Тодоров: Двојната предност пред СДСМ се темели на многуте реализирани проекти

Во рамки на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ "На Македонија и треба твојата идеја", вечерва во Крушево се одржа трибина на која присуствуваше министерот за здравство, Никола Тодоров.

Ја добиваме довербата затоа што излегуваме со конкретна програма и отчет за тоа што е направено. И после една година на тешка политичка криза во која не внесе опозицијата, односно СДСМ, народот се уште има силна и голема доверба, порача Тодоров.

 Министерот Тодоров пред присутните истакна дека граѓаните се оние од кои Владата го црпи легитимитетот, а собирањето идеи од граѓаните е стандард кој ВМРО ДПМНЕ го воведе на македонската политичка сцена.

 - Според анкетата на ИРИ, реномираниот Американски Републикански Институт, ВМРО има двојна предност пред СДСМ. Таа предност се темели на присуството меѓу граѓаните, на многуте реализирани проекти. Затоа претседателот на ВМРО ДПМНЕ има повеќе од тројна предност пред претседателот на СДСМ. Тоа се темели на исполнетите проекти, намалената невработеност. Но, да не заборавиме од каде тргнавме, од ситуација на екстремно висока невработеност, кога не се отвори ниту една фабрика и не се донесе ниту една инвестиција, истакна Тодоров.

kruisevo

Министерот потсети дека од 2006 досега се бележи константен пад на невработеноста и отворени се нови 140.000 работни места.

-Со проектот отпис на долгови, отпишани се долговите на над 15.000 семејства, во вредност над 30 милиони евра. Во делот на здравството, го реконструиравме Здравствениот дом во Крушево, набавивме нови возила, и тоа 69 возила за Итната медицинска помош и едно наменето за транспорт на деца, потенцираше Тодоров.

Министерот Тодоров истакна дека е во тек тендерот за комплетна реконструкција на прилепската болница во вредност околу 70 милиони денари, која дава услуги за жителите на целиот регион. 

Воедно, потсети дека се отворени центри за интервентна кардиологија во повеќе градови, меѓу кои и Битола, со што пациентите не мора да патуваат до Скопје.

 
 
26.11.2015 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега