Попоски-Ванг: Разговори за процесот 16+1, можни проекти во повеќе области и помош околу мигрантската криза

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денес оствари средба со министерот за надворешни работи на НР Кина, Ванг Ји, во рамки на посетата на НР Кина од страна на македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски.

Попоски ја повтори цврстата поддршка на Република Македонија на процесот 16+1 и интересот за нашето понатамошно вклучување во инфраструктурните проекти кои произлегуваат од овој процес. Во делот на меѓусебната соработка, беше дискутирано околу можни проекти во делот на енергетиката, железничката инфраструктура, индустријата и туризмот. 

poposki-vang

Исто така, од македонска страна беше поздравена намерата на НР Кина за финансиска помош кон жариштата на кризи кои генерираат зголемен број на бегалци кон Европа, како и излегување во пресрет на потребите на земјите кои се соочени со бранот на мигранти, особено по Балканскиот коридор.

Министрите за надворешни работи на двете земји изразија взаемно задоволство од соработката помеѓу двете земји на мултилатерален и културен план.

 
 
26.11.2015 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега