Милошоски: СДСМ би тргувал со националните интереси само за да дојде на власт
ВМРО-ДПМНЕ има генерален став, а тој е „Република Македонија е според нашиот Устав е независна, самостојна, каде што суверенитетот произлегува од граѓаните“, истакна Антонио Милошоски од владејачката партија.
-Знаеме за СДСМ како беше односот кон националното знаме, знаеме каков беше односот на СДСМ кон уставното име на Република Македонија и знаеме каков беше односот на СДСМ кон територијалната поделба и политичкото прекројување на границите на нашата држава. Имаме сомнеж дека и понатаму го имаат истиот став се со цел да дојдат до власт би можеле да тргуваат со националните интереси на Република Македонија, истакна Милошоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа