„Се закопавме работата не оди“ - Комисијата за 24. декември паузира од работа

Паузира експертската комисија која треба да ги испита настаните кои се случија na 24. декември во Собранието, пренесува Вест. Според весникот, комисијата нема да работи цела недела , а дали ќе се распадне или ќе продолжи со работа, ќе се знае во вторник.

-Се закопавме, работата не оди, потврдиле партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ за Вест. Од партиите не даваат информации зошто не се согласувале меѓу себе или со претседателот на Комисијата, Борче Давитковски.

Според весникот Вест, и Давитковски не сакал да коментира, туку само потврдил дека комисијата паузира со работењето. Дел од членовите заминале во странство, изјавил Давитковски, најавувајќи седница за вторник.

Според неофицијалните инфорамации до кои стигнал Вест, комисијата изготвила 11 препораки и  три заклучоци за настаните од 24. декември минатата година. 

-Според информациите на "Вест", препораките и заклучоците не им биле по ќеф на партиите, особено не на претставниците од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и Благородна Дулиќ. Не била воодушевена ни Рената Десковска, како претставник на СДСМ, додека Љубомир Фрчкоски, вториот претставник од опозицијата, бил воздржан. Според нашите непотврдени информации, наводно, Давитковски се заканил дека ќе си даде оставка ако во вторник секој остане закопан во својот ров и ако не се изгласаат препораките и заклучоците од досегашната работа на комисијата, пишува Вест,

Според извори од СДСМ, пренесува Вест, дел од членовите на Комисијата инсистирале да нема одговорност за отстранувањето на новинарите и пратениците од собраниската сала на 24. декември, додека од СДСМ сметаат дека со самото тоа што е утврдено дека има прекршување на закон, собраниски деловник и Устав, логично е потоа да се бара и одговорно лице за тоа прекршување. Тоа е тоа што пречи, објасниле соговорниците на Вест.

На 12. минатиот месец, кога беше формирана експертската комисија кај претседателот Иванов, претседателот Давитковски изрази оптимизам, истакнувајќи дека кај сите членови на комисијатапостои голема волја за расветлување на настаните и пронаоѓање на решение за 24. декември.

Извор: Вест

ФОТО: Сител

најчитано сега