Кавадарци во црно: Почина бебенце

Утрово во 4 часот и 45 минути од Здравствен дом Кавадарци во Полициска станица е пријавено дека кај нив е донесено починато бебенце.  Информацијата ја потврди  портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска, која наведува дека ќе биде извршена обдукција да се открие како починало бебенцето.

Од кавадаречката Брза помош  изјавуваат  дека бебето  не давало знаци на живот и доктор од Службата само ја констатирал смртта. Малечкото  било однесено до кавадаречката општа болница од каде пријавиле во полиција.

 
 
09.11.2015 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега