УХМР предупредува: Невреме на повидок од средината на следната недела

 


Времето денес, облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Кон крајот на денот на повисоките планини на северозапад ќе има услови врнежите од дожд да преминат во повремен слаб снег. Попладне и во текот на ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h).

Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 15 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно време, до понеделник со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од средината на следната седмица ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

16.05.2025 - 13:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега