Мицкоски од Тирана: За неколку часа македонската јавност ќе дознае убава вест
Пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, премиерот Христијан Мицкоски за ТВ21 кажа дека наскоро ќе ја соопшти убавата вест за Македонија, оставајќи ја јавноста во исчекување.
На прашањето за очекувањата од ЕУ, Мицкоски истакна дека Европа треба да се држи до своите принципи, да се суди според постигнувањата и реформите, и дека Македонија долго време е жртва на билатерални прашања.
Тој потенцираше дека очекува Европа да се придржува до копенхашките критериуми.
16.05.2025 - 11:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа