Тешка кражба во „Македонски пошти“ во Битола

 

Од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во „Македонски пошти“-Битола, при што насилно од сефот се одземени околу 53.500 денари, соопшти денеска МВР.

Кражбата вчера во 07,00 часот во СВР-Битола, ја пријавил вработен во „Македонски Пошти“-Битола. 

МВР во соопштението појаснува дека сторителот со подесен предмет го отстранил катанецот од металната решетка од влезната врата во поштата, влегол внатре, делувал на бравата на горната врата од сефот, го отворил, ги одзел парите и го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот

 
 
08.11.2015 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега