Трагедија ја потресе Струга

Четириесет и осум годишниот Невзат М. од Стругавчера го загуби животот откако со својот автомобил паднал во Црн Дрим.

Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила вчера  околу 17:20 часот на патот Охрид-Струга, на влезот од Струга. Невзат од засега неутврдени причини паднал со својот автомобил во реката и се удавил кога автомобилот целосно се нашол под вода.

Жители на населбата велат дека тој се враќал наназад со автомобилот пред да падне во реката.

 

 
 
08.11.2015 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега