Најстариот шеик живееше 120 години, има 98-годишен син и 446 потомци
Шеикот Авад бин Абдул Азиз бин Куарни, почина на 120 годишна возраст и беше прогласен за најстариот човек во Саудиска Арабија. Бил роден во 1893 година и живеел три века. Познат како искрен, мудар и сакан човек, зад себе остави 477 потомци. Неговиот најстар син има 98 години, а покрај него има уште 23 деца, голем број на внуци и правнуци. Тој почина во својата куќа во селото Ал Бададаха. Претходно немал никакви здраствени проблеми. Го водел племето целиот свој живот. Своите синови и ќерки ги добил од различни жени, Неговиот најстар внук има 65 години.