Хрватскиот претседател утре во посета на Македонија

 

Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ утре ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. 

Предвидено е Милановиќ да има средба со својата домаќинка - претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како и со други македонски официјални претставници.

Поради посетата на хравтскиот претседател на Милановиќ, во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај во поширокото централно подрачје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

06.05.2025 - 10:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега