ЕКСКЛУЗИВНО: Голема полициска акција во кумановскиот регион - се апсат терористи од Диво Насеље

Голема полициска акција од утрово се одвива во кумановскиот регион, дознава Press24 од полициски извори

Според нашите информации 3 лица се приведени во продолжение на активностите за расветлување на настаните во Диво Насеље од мај годинава.

 По наредба на Основното јавно обвинителство, биле барани како резултат на истрагата која го проширила списокот на лица кои имале различни улоги во терористичките активности од мај годинава.
Неофицијално дознаваме дека најголем дел од овие лица биле логистичари на терористичката група во Диво Насеље.
Сите Основниот јавен обвинител ги барал по член 313 од КЗ за терористичко загрозување на уставниот поредок.
Акцијата која траела од рано утринава веќе е завршена.
Најверојатно, се трагало по уште едно лица на реонот на Скопје, но тоа не е пронајдено.

 
 
28.10.2015 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега