Тодоров останува министер за здравство
Министерот за здравство, Никола Тодоров останува на својата позиција. Директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски на прашање на Press24 вели дека комплетно се неточни информациите кои ги објавија некои медиуми кои ги уредува опозицијата.
„Пратеникот Ромео Тренов си поднесе оставка бидејќи е именуван за независен член на Одборот на директори на новоформираното АД Водостопанство. Никола Тодоров останува Министер за здравство“ – вели Котевски за Press24.
Медиумите на СДСМ и СОРОС утрово објавија уште една во низата лаги и манипулации искористувајќи ја оставката на пратеникот Ромео Тренов. Според овие медиуми, Тренов ќе го наследел Тодоров во министерството за здравство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа