Кузеска: Партиски инсталации во судството, сопруга на градоначалник од ДПМНЕ е избрана за член на Судски совет

 

Наместо реформи гледаме брутална партизација на судството, би рекла дури и окупација од страна на ВМРО-ДПМНЕ, изјави на денешната прес-конференција Богданка Кузеска од редовите на СДСМ.
 
Скандалозен е изборот на Данка Ристова за нов член на судскиот совет, избарана е сопруга на актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш, Ацо Ристов, рече Кузеска.
 
2Ова се партиски инсталации во судството како во време на режимот. Истото тоа што го правеше ДПМНЕ порано се прави и сега.
 
Чист обид за поставување на контролирано, партиско судство кое нема да служи на граѓаните, туку на нивните интереси.
 
ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш кога е на власт имала една единствена цел, ставање на судството по контрола и сега тоа го докажува на дело“, истакна Кузеска.
12.12.2024 - 12:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега