30 автобуси на ЈСП повторно не возат, немаат метан
Околу 30 автобуси на ЈСП – Скопје денеска не сообраќаат поради недостаток на метан, потврди Меџит Идризи, потпретседател на синдикатот при ЈСП.
Според неговите информации, проблемот е во неплатениот долг за метан, што ја принудило компанијата да ги повлече автобусите во гаража.
Идризи изрази загриженост и за неизвесноста околу исплатата на платите до 15 декември, напоменувајќи дека вработените, особено оние со кредити, се во паника. Тој повика на решавање на долговите и редовно обезбедување на автобуски линии и плати
11.12.2024 - 19:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа