Познат идентитетот на напаѓачот во скопско Ѓорче
Полицијата го фати на дело ограбувачот кој денеска се обидел да ја ограби филијалата на Стопанска банка во скопско Ѓорче Петров. Како што дознава Пресс 24, сторителот за стореното кривично дело е 43-годишниот Александар М. ос Скопје. Истиот се добил со повреда и со Итна Помош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, тој се наоѓа наодвор од животна опасност. Ограбувачот го обезбедуваат полициски службеници.
За потсетување, денеска вработената во банката пријавила во полиција дека ограбувачот влегол во банката и ја ограбил. Полицјаците веднаш излегле на терен и со своите возила го пресретнале ограбувачот кој почнал да пука во нив. Полицијата возвратила на пукањето при што ограбувачот бил погоден и веднаш испратен на скопските Клиники.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа