Уште една трагедија: Прегазен пешак во Ѓорче

 

Уште една трагедија на скопските улици. Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле вкупно 18 сообраќајни незгоди од кои пет поминале само со материјална штета, а во останатите девет, тешко биле повредени двајца водачи на мопеди, двајца сопатници, еден возач на мотоцикл и еден возач на трактор, а со полесни повреди се здобил еден сопатник на мопед. За жал, се случила и сообраќајка во која има загинато лице.

Според податоците, во 6 часот и 15 минути на улицата Ѓорче Петров се случила сообраќајна несреќа во која пешак за жал им подлегнал на сериозните повреди.

Во текот изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 63 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Oсум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и пет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Санкционирани се и 60 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 88 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

околу тоа каква е состојбата на патиштата, кои патишта се затворени, а кои не, прочитајте ТУКА.

 

 

Оцени ја веста

07.10.2015 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега