Битолчанец утрово се шокирал кога си го видел возилото
На улицата „Димитар Хаџи Попов“ во Битола, поточно на паркинг просторот пред куќата на 56-годишниот М.Ј. непознат сторител поставил автомобилска гума под патничко моторно возило „Џип“, по што ја запалил. Од полицијата соопштуваат дека пожарот бил локализиран од страна на оштетениот, а нема повредени лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Оцени ја веста
06.10.2015 - 12:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа