Застрелани три волци во Пелагонија

 

 

Ловџии од ловното здружение „Сокол“-Битола застрелаа три волци во атарот на пелагониските села Подино и Ивањевци.

Акцијата беше организирана на иницијатива на месното население кое во немоќ да се заштити од дивите животни побара помош од нашите ловџии, соопштија од ЛЗ „Сокол“-Битола.

- Ловечката хајка по крволочните животни кои ги напаѓаат стадата со овци и кои само викендот задавиле пет овци во селото Подино, беше организирана професионално со 10 ловџии, и од регистрираните пет, отстрелавме три волци. За жал, волци се уште има и затоа ловечките акциите ќе продолжат, а населението го упатуваме на соработка со нашето здружение, информираа од ЛЗ „Сокол“-Битола.

 

 

Оцени ја веста

06.10.2015 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега